Четворица загинати и 50 ранети при воздушен напад врз болница во Појасот Газа

Од:

Четири лица загинаа, а 50 се повредени при воздушен напад од страна на израелските сили врз болницата „Мачениците ал-Акса“ во централниот дел на Појасот Газа.

Ракетата го погодила третиот кат од зградата, каде се наоѓал ургентниот центар на хируршкиот оддел. Болницата била нападната и со тенковски гранати.

Портпаролот на палестинските служби за брза помош, Ашраф ал Кудра изјави дека 12 гранати биле истрелани кон болницата во градот Деир ел Балах, додавајќи дека 30 од повредените се членови на медицинскиот персонал.

Осум Палестинци, меѓу кои четири деца, биле убиени при израелско бомбардирање во центарот на градот Газа, соопштија палестински спасуваки екипи.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека воената операција постепено ќе се проширува, се додека не биде постигнато долгорочно примирје.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно