Четворица загинати, 12 повредени во судир меѓу демонстранти и полиција во Каиро

Од:

Четири лица загинаа, а 12 се повредени во судири меѓу демонстранти и полиција во едно предградие на Каиро.

Според податоците на Министерството за здравство, меѓу жртвите има двајца полицајци и еден војник.

Немирите кај полициската станица во Шобре ел-Хајме започнале рано изутринава, кога таму се собрале роднини и пријатели на еден Египќанин кој бил убиен од полицијата.APTOPIX Mideast Egypt France

Стравувајќи од немири, на оваа локација биле однапред зајакнати безбедносните мерки, но демонстрантите и покрај тоа се обиделе да ја заземат станицата.

По судирите полицијата успеала да ги растера учесниците во протестот.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски