Четворица студенти повредени, 57 уапсени поради судири на Универзитет во Истанбул

Од:

Четворица студенти беа повредени, а 57 уапсени од полицијата при судири меѓу студенти со различни убедувања на Универзитетот во Истанбул, објави денеска весникот „Радикал“.

Судирите меѓу студенти со различни гледишта, какви што имаше минатата недела во Универзитетот Диџле во Диарбекир, се пренесоа и на Истанбулскиот универзитет.

Инцидентот се случил вчера откако студенти од групата „Муслиманска младина“, кои поставиле транспарент со порака „Да живее шеријатот“, нападнале свој колега. По нападот пристигнале негови пријатели и започнала тепачка меѓу студентите.

„Радикал“ пишува дека оваа недела на универзитетот Диџле биле откриени неколку рачно изработени бомби. Властите во Диарбекир соопштија дека полицијата притворила четворица студенти во овој инцидент, од кои двајца претходно биле апсени под сомнение за учество во протести за поддршка на Унијата на курдски општини, која се смета од турските власти како градски огранок на Курдската работничка партија (ПКК).

Наставата на универзитетот во Диџле продолжи, откако беше времено прекината минатата недела по судирите меѓу студенти, приврзаници на прокурдската Партија за мир и демократија и студенти исламисти.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски