Четворица британски „мускетари“ осудени за подготвување терористички напади

Од:

Четворочлена банда на британски муслимани, кои себе си се нарекуваар „мускетари“, се осудени од кривичниот суд Олд Бејли во Лондон за подготвување терористички напади.

Двајца од нив се од Бирмингем, а другите двајца од Стоук-он-Трент во Западен Мидлендс.

Во текот на судењето, тие ги отфрлија обвинувањата за тероризам, тврдејќи дека доказите им биле „подметнати“ од полицијата.

Групата е откриена со заедничка акција на британскота контраразузнавачка агенција МИ5 и полицајци, кои преправени како бизнисмени, се инфилтрирале во милитантната исламистичка ќелија на „мускетарите“.

Полицијата формирала лажна фирма во која се вработиле двајцата од „четворката“, преку кои се откриени деталите за нивната конспиративна активност.

При претресот на автомобилот на еден од осудените, биле откриени бомби и муниција, како и опрема за изработка бомби во домашни услови и упаства за тоа како да се направи експлозивна направа.

Групата имала намера да изведе терористички напад во Велика Британија, користејќи експлозив или ладно оружје.

Британските безбедносни сили знаеле за групата од претходно, затоа што еден од „мускетарите“ веќе бил осуден на пет години затвор за поседување материјали поврзани со тероризам.

Осудените се запознале и се поврзале уште во затворот „Белмарш“ во југоисточен Лондон.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Планирале терористички напади, регрутирале за ИСИС – уапсени четворица

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег