Четири лица загинаа во поплави во Јужна Франција

Од:

Поплавите во Јужна Франција однесоа четири жртви, меѓу кои мајка и син, а судбината на уште едно дете не е позната.

Во јужниот департман Гар мајка и нејзиниот четиригодишен син се удавиле, откако автомобилот им бил однесен од надојдените води. Другото дете во автомобилот – едногодишно бебе е во неизвесност, и според спасувачите, шансите да биде пронајдено живо се мали.

Автомобилот паднал од осум метри височина од мост, што бил поплавен од најдојдена река. Во него се наоѓал и таткото, кој е примен во болница во состојба на шок.

Друго возило е однесено од водите во слични околности. Во него било пронајдено телото на 50-годишен маж, на 150 метри од поплавен мост.

Синоќа загина и еден пензионер, чиј автомобил паднал во бездна.

Есенва југоисточниот дел на Франција, најмногу департманите Гар и Еро, беа повеќепати подложени на бури со поројни дождови, кои според експерти се предизвикани од невообичаено високите температури на Средоземното Море.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on