Најмалку четири лица загинаа во експлозија на автомобил-бомба во близина на шиитска џамија во Дамама, во Саудиска Арабија, изјавија очевидци, јави Танјуг.
Еден од очевидците истакна дека се наоѓал во близина на џамијата со семејството во моментот кога се случила експлозијата. Тој не можеше да каже што ја предизвикало експлозијата.
Одговорноста за нападот ја презеде тероростичката организација Исламска држава, која на својот налог на Твитер го наведе името на бомбашот-самоубиец Абу Џандал ал Џозрави, пишувајќи дека тој успеал да ја постигне целта и покрај силните безбедносни мерки.