Четири лица загинаа во бомбашки напад врз возило на пакистанските безбедносни сили

Од:

Двајца војници и двајца полицајци денеска загинаа во бомбашки напад врз возило на безбедносните сили во северозападниот дел на Пакистан, соопшти полицијата.

Нападот се случи во Баџур, на пакистанската граница со Авганистан, област што до пред неколку години беше база на пакистанските талибанци. Војската тогаш рече дека го исчистила регионот од бунтовниците, но насилството продолжи.

Се уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Висок полициски функционер изјави дека војниците го бараат организаторот на нападот, но не сакаат да шпекулираат за кого станува збор.

За нападот се осомничени пакистанските талибанци, кои се охрабрени од враќањето на талибанците на власт во Авганистан, каде се верува дека се уште се кријат илјадници пакистански милитанти.

Пакистан и Авганистан споделуваат меѓународно признаена граница долга 2.400 километри, позната како Ѓурендова линија, која Британците ја повлекоа во 19 век, а Кабул никогаш не ја призна.

Би можело да ве интересира

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд