Хеликоптер со 18 луѓе падна во петокот во Северно море, недалеку од островот Шетланд во северна Шкотска. Четворица работници загинаа, а 14-мина се спасени при неговото паѓање.
Леталото меѓу кои и два члена на екипажот, од се уште неутврдени причини, се урнало во близина на Шетландските острови додека пренесувало работници на нафтена платформа од Абердин. Во спасувањето учествувале два брода и три хеликоптери.
Специјалните служби за спасување од морето цела ноќ ги барале исчезнатите лица.
Премиерот на Шкотска, Алекс Салмонд изјави дека сѐ уште е рано да се знае причината за оваа ужасна трагедија, за која надлежните органи спроведуваат истрага.