Четири лица загинаа, 30 се повредени при експлозија во Појасот Газа

Од:

Четири членови на едно палестинско семејство загинаа, а околу 30 лица се повредени денеска при експлозија во јужниот дел на Појасот Газа, изјави портпаролот на Министерството за здравство, Ашраф ал Кедра.

Според него, причина за експлозијата во градот Рафах веројатно е стара, неактивирана израелска бомба од минатогодишната војна.

Претставници на безбедносните сили во Рафах наведуваат дека експлозијата се случила додека луѓето расчистувале урнатини од куќа, која била разурната за време на 50-дневната војна меѓу Израел и Палестинците минатото лето.

Би можело да ве интересира

Израелските сили пукаат врз Палестинците во Шеџаја

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа

Хамас ја прифати резолуцијата на Советот за безбедност за прекин на огнот

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

Орце Костов

Израел продолжи со нападите врз Газа и покрај повиците за прекин на огнот

A1on

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ