Четири европски земји потпишаа договор за набавка на 400 милиони вакцини

Од:

Италија, Германија, Франција и Холандија потпишаа денеска договор со фармацевтската компанија „Астразенеца“ за набавка на вакцина против новиот коронавирус за европските граѓани, изјави италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца.

Договорот се однесува на 400 милиони дози вакцина, која е развиена во соработка со Универзитетот Оксфорд.

Експерименталната фаза е веќе во тек и се очекува да биде завршена до есен, напиша Сперанца на Фејсбук.

Тој додаде дека првата испорака на дозите од вакцината ќе биде достапна до крајот на годинава.

Владите на земјите од ЕУ и дадоа мандат на Европската комисија да води преговори за набавка на перспективни вакцини против Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Путин најави вакцина против рак

Раст на интересот за вакцинирање по зголемениот број случаи со голема кашлица, најавено двосменско работење и работа в сабота

Меџити: За една недела имунизирани над 10.000 граѓани

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска