Чешкиот претседател предвидува дека Русија ќе се повлече од Украина

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан повика на дополнителна поддршка за Украина, вклучително и воена поддршка, тврдејќи дека Русија на крајот ќе мора да ја напушти Украина, јави ДПА.

– Убеден сум дека притисокот на слободните земји порано или подоцна ќе ја принуди Русија да ја напушти територијата на Украина, рече Земан во своето традиционално божиќно телевизиско обраќање.

Тој рече дека секогаш се залагал за коректни економски односи меѓу неговата земја и Русија, особено поради нејзините важни енергетски резерви.

Сега, сепак, безбедноста на светот, а со тоа и на Чешка беше под закана, истакна тој. Во такви ситуации, економските интереси мораа да бидат на задното место на безбедносните интереси.

До рускиот напад врз Украина, Земан важеше за противник на строгите санкции на ЕУ против Русија. Затоа тој често беше критикуван како „проруски настроен“.

Овогодишното божиќно обраќање беше последното на Земан како шеф на државата. По два мандата, тој веќе не може да се кандидира за трет мандат на изборите на 13 и 14 јануари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков