Одлуката на ЕУ за одобрување на квоти за прераспределување на бегалци меѓу земјите-членки, Република Чешка нема да ја оспорува по судски пат за да не создаваме тензии, изјави чешкиот премиер Бохуслав Соботка.
Одлуката на Унијата нема намера да ја почитува Словачка, која, според премиерот Роберт Фицо, е подготвен за судски спор со Брисел, јави дописникот на МИА.
– Не сакаме со тужби да ги зголемуваме тензиите. Јажето можете да го затегнувате само до одредена мера, па потоа ќе се скине. Не чекаат други битки за реален пристап кон миграциската криза и имаме потреба партнерите во Европа да ги слушаат нашите аргументи, рече Соботка.
Претходнo, некои чешки политички претставници најавија тужба доколку Европската унија воведе задолжителни квоти на бегалци кои би ги примиле земјите членки.
Квотите беа договорени вчера, на состанок на министрите за внатрешни работи на европските земји, а против гласаа Чешка, Словачка, Романија и Унгарија, додека Финска се воздржа.