Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Од:

Две лица загинаа, а едно е во критична состојба откако ученик ги нападнал со нож во средно училиште во населбата Спишка Стара Вес во источна Словачка, јавува порталот Тераз.

Според соопштението на полициски претставник, осомничениот за нападот е приведен. Се посочува и дека цел на нападот биле наставник и двајца ученици. Според медицинските служби, се уште има повредени, но не се знае точниот број.

На местото на настанот дежураат неколку екипи за итна помош.

Претходно полицијата соопшти дека 18-годишниот маж кој го изврши нападот е во бегство и дека по него е распишана потерница.

Би можело да ве интересира

Зејнелов го призна убиството на Емилија Пешева, семејството и обвинителот бараат доживотен затвор

Катерина Ѓуровски

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Ретка снимка: Руски бомбардер напаѓа американски дрон

А1он

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо

Торецк е под контрола на Русите

(ВИДЕО) Драма во Шведска, пукање во училиште: Не излегувајте, децата лежат на под

Предраг Петровиќ