Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Од:

Две лица загинаа, а едно е во критична состојба откако ученик ги нападна со нож во средно училиште во населбата Спишка Стара Вес во источна Словачка, јавува порталот Тераз.

Според соопштението на полициски претставник, осомничениот за нападот е приведен. Исто така, се нагласува дека цел на нападот биле наставник и двајца ученици.

Според медицинските служби, има повеќе повредени, но не се знае точната бројка.

На местото на настанот дежураат повеќе екипи за итна помош.

Претходно полицијата соопшти дека 18-годишникот кој го изврши нападот е во бегство и дека по него е распишана потерница.

Би можело да ве интересира

Зејнелов го призна убиството на Емилија Пешева, семејството и обвинителот бараат доживотен затвор

Катерина Ѓуровски

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо

(ВИДЕО) Основач на платенички баталјон кој убиваше Украинци е убиен во експлозија во Москва

Горан Наумовски

42-годишен маж од Кавадарци ја задави својата партнерка

Дојави за бомби во канцелариите на партијата СМЕР на премиерот Роберт Фицо