Чешка негира дека станува транзитна земја за мигрантите

Од:

Чешката полиција на целата територија на земјата спроведе акција за проверка на состојбата со илегалната миграција и не најде ниту еден бегалец, соопшти чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, претходно кон крајот на април германски медиуми објавија дека преку чешката територија води нова илегална бегалска траса до јужната германска покраина Баварија.

– Во акцијата „Коридор“ учествуваа сите 14 регионални центри и сообраќајната полиција и беа вклучени илјада полицајци. Во настанот, кој беше фокусиран на идентификација и проверка на моменталната состојба на илегалната миграција во Чешка, се потврди дека земјата не е и во никој случај не станува транзитна држава за бегалците, рече Хованец.

Тој, додаде дека благодарение на ригорозните и одговорните процеси кои во врска со илегалните имигранти и шверцери се преземаат, земјата не станува нивна дестинација.

Но, и покрај тоа, на чешко-австриската и на чешко-словачката граница постојано има зголемена гранична контрола.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка