Дрвен чамец со осум лица во него, кои тврдат дека се од Северна Кореја, бил исфрлен од морето на северниот дел од јапонскиот брег, соопшти локалната полиција.
Полицијата ги открила осуммината мажи во пристаниште за јахти во градот Јурихонџо откако добила дојава од локален жител, по што тие биле однесени на сослушување.
– Тие тврдат дека се од Северна Кореја и биле на риболов, кога нивниот чамец доживел несреќа и бил исфрлен на брегот, изјави Хаширо Оконоги, шеф на Националната комисија за јавна безбедност.