Чадни бомби врз џамија во Мадрид поради нападите во Брисел

Од:

Припадници на шпанската десничарска група Општествен дом Мадрид запалија чадни бомби на влезот на џамија и седиштето на Исламскиот културен центар во главниот град на Шпанија, по смртоносните напади на Исламска држава во Брисел.

Тие на околниот мост, под кој поминува една од најфреквентните градски улици закачија транспарент на кој пишува „Денес Брисел, утре Мадрид?“.

Оваа група преку Фејсбук објави соопштение во кое тврди дека џамијата на автопатот М-30 земала пари од верниците, кои тука се молат и со нив ја финансирала ИД.

Исламскиот културен центар во Мадрид, кој се наоѓа во најголемата џамија во Шпанија денеска ги осуди терористичките напади во Брисел.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски