Цените на нафтата над 108 долари, во фокус намалените испораки од Русија и Либија

Од:

Цените на нафтата денеска се искачија над 108 долари на меѓународните пазари, откако разговорите во ЕУ за забрана на увозот на руска нафта и прекините во снабдувањето од Либија ја засенија загриженоста за економскиот раст и побарувачката за енергенси.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 1,58 долари во однос на претходното затворање и изнесуваше 108,38 долари. На американскиот пазар со барел се тргуваше за 1,64 долари повисоко, по 103,83 долари.

Цените речиси стагнираа вчера, бидејќи трговците беа загрижени поради Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој во вторникот ја намали прогнозата за светскиот економски раст оваа година за речиси цел процентен поен на 3,6 отсто поради војната во Украина. Послабиот економски раст значи и помала побарувачка за енергенси.

Денеска на пазарот преовладуваше загриженоста за снабдувањето, во време на разговори во ЕУ за забрана на увоз на руска нафта. Трговците се претпазливи за руските барели поради проблемите со транспортот и плаќањето, откако Западот воведе санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина.

Либија, пак, оваа недела објави дека нејзиното производство е намалено за повеќе од 550.000 барели нафта дневно поради блокадите на големи полиња и извозните терминали.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Руската војска уништи 32 украински беспилотни летала

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Руските сили интензивно напредуваат низ регионот на Доњецк

А1он