Цената на авионскиот билет од Москва до Белград достигна цена од 12.000 евра

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин вчера најави делумна мобилизација, а тоа ја зголеми цената на авионските билети од Москва до Белград до незамисливи размери.

Ако сакаат да резервираат лет во еден правец од Москва до Белград денес, ќе треба да издвојат незамисливи бројки дури и за најоддалечените и непристапни дестинации во светот.

Доколку сакаат да летаат од Москва до Белград денес или во недела, на 25 септември, ќе треба да издвојат 12000 евра, пишува Блиц.рс.

Откако Путин вчера изјави дека 300.000 резервисти треба веднаш да бидат повикани во служба, граѓаните на најголемата земја во светот масовно купуваат билети за земјите каде што не им е потребна виза, а распродадените летови за Белград ја означуваат Србија како крајна и најпосакувана дестинација, а билетите се купуваат во еден правец.

Објавата на Путин, дадена во телевизиско обраќање вчера предизвика огромни стравувања дека на мажите во борбена возраст нема да им биде дозволено да ја напуштат Русија.

Би можело да ве интересира

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро

Москва: Киев не може да се согласи со обврските за решавање на конфликтот во Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија