Цела Турција била цел на шпионажа на Германија

Од:

Турција е единствената членка на НАТО, која германската служба за внатрешно разузнавање (БНД) ја шпионирала, а програмата за разузнавање се применувала на целата земја, изјавија извори од германските разузнавачки служби за весникот „Хуриет“.

Во најновата верзија на документ на германската Влада Турција фигурира како една од главните цели на разузнавањето.

Според претставник на германското разузнавање Турција е единствената држава од НАТО на листата, а во документот се посочува дека цел на шпионажата не е само одреден регион, туку цела Турција поради нејзината исклучителна важност, особено во областите на надворешната политика, економијата, нафтоводите и антитерористичките операции.

Германските медиуми минатата недела јавија дека се пронајдени документи, кои покажуваат како германската Влада и наредила на БНД да шпионира партнерска земја од НАТО, без да биде наведено името на земјата.

На 16 август весникот „Шпигел“ откри дека членката на НАТО, која ја шпионирала Германија е Турција.

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу телефонски разговарал со неговиот германски колега Франк Валтер Штајнмаер за да го изрази незадоволството на турската Влада во врска со овие тврдења.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени