Цел школски клас во Берлин во изолација откако ученик се заразил со коронавирус

Од:

Само неколку дена по почетокот на новата учебна година, ученици од училиште во Берлин беа испратени во самоизолација, затоа што еден ученик е позитивен на новиот коронавирус. Новата учебна година, по многу дебати и контроверзи во јавноста, во Берлин почна во понеделникот.

„Бидејќи заразениот ученик го испративме дома по еден час, и добро ја вентилиравме училницата, ризикот од инфекција е мал, но сепак постои“, објаснуваат од училиштето во Берлин-Целендорф и додаваат дека целата паралелка е во домашна изолација.

Во писмото до родителите се вели дека училишната администрација е во контакт со надлежната здравствени власти, кои ќе го повика секое засегнато семејство и дека треба да бидат во близина на телефон заради повик.

Укажуваат е дека е важно децата дотогаш да немаат контакт со други лица, но не е наведено за кој период е валиден и дали ќе бидат потребни тестови.

Во едно училиште во Берлин-Ноуклин, кај родител на ученик кој се вратил од одмор во странство е пронајдено присуство на вирусот.

Тој родител, како што беше најавено, помогнал во подготовките за новата учебна година и за време на нив имал контакт со осум други лица, наставници и домарот. Сите тие луѓе сега се во карантин, соопштија од училиштето.

Би можело да ве интересира

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски