Бурата „Поло“ прерасна во ураган кај Мексико

Од:

Тропската бура „Поло“ прерасна во ураган на Пацифичкиот брег кај Мексико, соопшти денеска Американскиот национален центар за урагани.

Во текот на ноќта Поло прерасна во ураган, со брзина на ветерот од 120 километри на час и можност за натамошно јакнење.

Поло се наоѓаше синоќа околу 290 километри од пристаништето Мансанило и се движи кон Запад со брзина од десет километри на час долж брегот.

Во исто време, околу 25.000 туристи и натаму се „заробени“ на полуостровот Долна Калифорнија во севернозападниот дел на Мексико, два дена откако ураганот „Одил“ го погоди тоа подрачје.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе