Бунтовниците од северот на Етиопија прифатија прекин на огнот

Од:

Бунтовниците во регионот Тиграј што веќе 17 месеци се во отворен судир со армијата на Етиопија, денеска ветија дека ќе го почитуваат прекинот на огнот, неколку часа откако властите во Адис Абеба прогласија „неограничено хуманитарно примирје“.

„Владата на Тиграј е посветена на спроведувањето на прекинот на непријателствата што стапува на сила веднаш“, се наведува во соопштението на бунтовниците кои ги повикаа властите во Адис Абеба да „преземат конкретни чекори да се овозможи неограничен пристап до Тиграј“, инаку регион во северниот дел на Етиопија што се соочува со недостиг на храна.

Кабинетот на премиерот Абиј Ахмед денеска прогласи едностано хуманитарно примирје за да се овозможи „слободен проток на хуманитарна помош за оние на кои им е неопходна“ во Тиграј, каде по копнен пат не пристигнала никаква помош од 15 декември.

Бунтовниците соопштија дека се решителни во намерите за успех на примирјето, оценувајќи дека е неприфатливо „поврзување на политичките со хуманитарните прашања“ но истовремено уверувајќи дека „ќе дадат се од себе да се даде шанса на мирот“.

Владините и бунтовничките сили од Тиграј се во постојани оружени судири од ноември 2020 година кога Абиј Ахмед, инаку добитник на Нобелова награда за мир, ја прати сојузната армија да ја смени бунтовничката власт во регионот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

Тедрос: Мали се шансите да се спречи геноцид во Тиграј

Ана Ололовска

Бунтовниците од Тиграј се согласија на мировни разговори со етиопската Влада

Ана Ололовска

ТПЛФ подготвен за мировни преговори со Владата на Етиопија

Ана Ололовска

УНИЦЕФ го осуди етиопскиот воздушен напад врз градинка во бунтовничкиот Тиграј

Пилоти заспале на висина од 11.000 метри, контролата не можела да ги контактира

А1он