Сириските бунтовнички сили, поддржани од Турција, во синоќешните операции зазедоа стратешки важни висорамнини, покрај градот Ал Баб, кој е под контрола на Исламска држава, соопшти денеска турската армија.
Во писмената изјава вооружените сили на Турција нагласуваат и дека 58 борци на ИД се убиени во воздушни напади, артилериски напади и судири во рамки на тие операции.