Бундестаг: Преговорите за Србија најрано во 2014 година

Од:

Германскиот парламент на 27-ми јуни ќе заземе став преговорите на Србија со ЕУ да почнат најрано во 2014 година, под услов Белград да ги исполни обврските за нормализација на односите со Косово, дознава германската агенција ДПА од кругови блиски на Бундестагот.

Според агенцијата, германската канцеларка Ангела Меркел ќе го застапува тој став до крајот месецов, но и на самитот на ЕУ.

Согласно со тој став кој што го усогласија парламентарното мнозинство, Министерството за надворешни работи и кабинетот на канцеларката, до крајот на годината треба да има уште еден самит на ЕУ, за прашање за доделување датум на Србија.

Доколку до тогаш Србија не ги исполни обврските кои што ги има кон Косово, тогаш и пристапните преговори може да започнат подоцна, наведоа извори од Берлин.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија