Бугарскиот европратеник Џамбаски би можел да биде суспендиран или парично казнет за нацистичкиот поздрав

Од:

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола ќе покрене постапка за санкции против бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, кој направи нешто што изгледаше како нацистички поздрав додека ја напушташе собраниската сала вчера, објави Политико.

Џамбаски, националистички европратеник во групата ЕЦР, негира дека неговиот гест бил фашистички поздрав, нарекувајќи го инцидентот „мало недоразбирање“ во е-пошта до неговите колеги, во кои имале увид од Политико.

Според Мецола, тоа бил фашистички поздрав што за неа е „неприфатилив секогаш и сегде“.

– Тој поздрав е од најмрачниот период од европското минато и таму треба да остане, наведе таа.

Официјален претставник од Парламентот кој побара анонимност бидејќи инцидентот се испитува, рече дека се очекува покренување истрага за кршење на правила. Тој би можел да биде суспендиран или казнет парично.

Би можело да ве интересира

Пешевска до Џамбаски: Вие сте срам не само за Бугарија, туку и за функцијата европратеник

МНР: Безбедносните органи сериозно да ги земат предвид изјавите на Џамбаски и да донесат одлука за негов ограничен пристап во земјава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Џамбаски: Во Скопје длабоко се лажат ако мислат дека е завршен мечот со Софија

Орце Костов

ВИДЕО: Полноќна тепачка пред куќата на Бојко Борисов поради Македонија

Џамбаски за Резолуцијата: Ако се почитуваат црвените линии не може да функционира историската комисија

Катерина Ѓуровски