Бугарија, Романија и Турција вклучени во воените вежби на НАТО во Црно Море

Од:

Црноморските членки на НАТО: Бугарија, Романија и Турција, со уште четири членки на Алијансата денеска почнаа воени вежби во Црно Море, од другата страна на анектираниот Крим, соопшти портпаролот на бугарската морнарица.

На воената вежба што за цел има брз поморски одговор во Црно Море под команда на американската флота и со учество на американскиот брод крстосувач „Вицксбург“, ќе се приклучат и бродови на други земји од НАТО.

Маневрите вклучуваат симулации на противвоздушни и напади со подморници, како и симулација на начинот на одбрана од напад со мали пловила, наведе портпаролот на бугарската морнарица.

Од почетокот на украинската криза, НАТО во источна Европа одржа серија воени вежби, пренесуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

NBC: Трамп може да ги брани само членките на НАТО само ако трошат повеќе за одбраната

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина