Бугарија ќе и достави мало и лесно оружје на Украина

Од:

Бугарија ќе и достави на Украина мало и лесно оружје и одредена количина муниција, најави вршителот на должноста министер за економија и индустрија Никола Стојанов, јави ТВ Еуроњуз Бугарија.

Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, Стојанов е дециден дека помошта што ќе ја даде Бугарија нема да влијае на борбената способност на бугарската армија.

Со одлука на Парламентот, Бугарија ќе и додели помош на Украина. Нема да има тенкови, изјави бугарскиот министер за економија, велејќи дека станува збор за мало и лесно оружје и нешто муниција.

– Она со што Бугарија и помогна на Украина е она што може да си дозволи, за бугарските граѓани да немаат грижи. Бугарската армија останува целосно способна да реагира во случај на опасност, изјави министерот за одбрана на Бугарија, Димитар Стојанов.

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли