Бројот на жртвите од торнадото во Оклахома достигна 18 лица

Од:

Бројот на жртвите од разурнувачкото торнадо, што во петокот удри врз Оклахома, достигна 18 лица, соопштија американските медиуми, повикувајќи се на локалните власти.

Меѓу жртвите има шест деца. Загинати се и тројцата искусни „ловци на бури“. Претходно беше соопштено дека меѓузагинатите е познатиот американски истражувач на оваа природна појава Тим Самарас, напоменуваат агенциите.

Гувернерот на Оклахома, Мери Фолин, предупреди дека бројот на жртвите може уште да се зголеми, бидејќи спасувачите и натаму трагаат по исчезнати лица во поплавените реони.

Пет лица се уштее се водат за исчезнати. Во петокот врз државата Оклахома, како и државите од Средниот Запад, Мисури и Илиноис, истовремено удрија пет торнада. Пред тоа, на 20 мај, торнадо мина преку предградието Мур на Оклахома, убивајќи 24 лица и разурнувајќи илјадници згради.

Би можело да ве интересира

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снежна бура во САД, издадено предупредување за над 60 милиони луѓе

(ВИДЕО) Силно невреме во САД, има мртви и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Снегот го блокира Балканот: 10 часа семејства со деца биле заглавени во Босна

Катерина Ѓуровски