Бројот на жртвите на израелските напади во Газа достигна 100 лица

Од:

Бројот на загинатите при израелските воздушни напади во Појасот Газа веќе достигна 100 лица, соопштија здравствените власти.

Портпаролот на Службата за брза помош во Газа, Ашраф ал Кудра изјави дека од почетокот на израелските воздушни напади на оваа палестинска територија досега биле повредени најмалку 670 луѓе. Според него, повеќето од нив се цивили, вклучувајќи и жени и деца.

Истовремено, Израел покрај границата со Појасот Газа распореди три пешадиски бригади, веројатно како подготовка за копнена офанзива.

– Во следните неколку дена како засилување во реонот ќе бидат испратени уште една или две бригади, изјави портпаролот на израелската армија, Петер Лернер.

Воените власти нагласија дека одлуката за копнена офанзива во Газа ќе биде донесена од политичкиот државен врв, но засега нема никаков сигнал дека се можни преговори за склучување примирје.

Американскиот амбасадор во Тел Авив, Дан Шапиро изјави дека „никој не сака копнена операција“, изразувајќи надеж дека Хамас ќе го прекине лансирањето ракети кон Израел. Тој истакна дека Израел има „целосна американска поддршка“.

Кон Израел денеска беа истрелани и две ракети од Либан, што се случува првпат од почетокот на оваа етапа од израелско-палестинскиот конфликт.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно