Бројот на жртви во стампедото во Саудиска Арабија достигна 717 лица

Од:

Најмалку 717 лица од различни националности загинаа и 805 се повредени во денешното стампедо во долината Мина, во близина на саудискиот град Мека за време на еден од ритуалите на годишното поколонение (аџилак), според најновите податоци на саудиската цивилна заштита.

Најголемиот број од жртвите се постари или инвалидизирани лица.

Телевизијата Ал џазира јави дека инцидентот се случил на улица околу која се наоѓаат времените кампови каде во над 160.000 шатори се сместени аџиите.

ТАСС информира дека причина за трагедијата е дефект на еден воз на релацијата од Мека до Мина, поради што се блокирале вратите. Кога возот пристигнал на перонот настанала турканица во обид на аџиите да дојдат до возот.

Во акцијата за помош на настраданите се вклучени повеќе од 4.000 лица.

Според официјалните податоци, на аџилакот оваа година има над два милиони луѓе.

Аџилакот е еден од петте столбови на исламот и секој муслиман е должен барем еднаш во животот доколку е способен да замине на аџилак.

Најмалку сто лица загинаа и 230 беа повредени на 12 септември, откако се урна кран во најголемата џамија во светот, Ал Харам во Мека.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ