Бројот на заразени од коронавирус во САД надмина четири милиони

Од:

Бројот на заразени со коронавирус во САД денеска надмина четири милиони, по брзото зголемување на бројот на нови случаи во последните неколку недели, пренесуваат агенциите.

Од почетокот на епидемијата во оваа земја, на 21 јануари, беа потребни 98 дена за бројот на пациенти да достигне еден милион, но само 16 дена за од три милиони бројката да се зголеми на четири милиони, пишуваат американските медиуми.

Просечниот број на новозаразени  во САД сега секој час расте за 2.600, што е најголема стапка во светот.

Додека епидемијата се шири низ целата земја, од епицентарот во Њујорк до југот и западниот дел на САД, а федералните, државните и локалните власти се судираат во погледите како да се борат со неа, едно од прашањата е како и кога да се ублажат социјалните и економските ограничувања воведени во борбата против ширењето на инфекцијата.

Прашањето за носење маски, вообичаена пракса во светот, препорачана и од здравствените експерти на американската владина администрација, стана особено исполитизирано, а најмногу му се спротивставуваат некои републикански гувернери на тешко погодените сојузни држави.

Претседателот Доналд Трамп, кој во анкетите се соочува со пад на популарноста заради лошото управување со кризата, долго време се спротивставуваше на носењето маска, но од оваа недела ги повика Американците да ја носат.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас