Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Од:

Бројот на потврдени мртви во неколку разорни земјотреси што ги погодија Турција и Сирија во февруари се искачи на 50.782 само во Турција, според владините податоци. Меѓу нив има околу 7.300 странци, изјави министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу за турската Си-Ен-Ен.

Да потсетиме, на 6 февруари два силни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ја потресоа југоисточна Турција и северна Сирија. Вкупно повеќе од 57.000 жители загинаа во двете земји, а повеќе од два милиони останаа без покрив над главата само во Турција. Минатата недела, невремето во регионот Кахраманмарас погоден од земјотресот ги оштети шаторите во кои привремено се сместени преживеаните, при што едно лице загина, а најмалку педесет други беа повредени.

Пред парламентарните и претседателските избори во Турција на 14 мај, Сојлу рече дека ќе бидат преземени безбедносни мерки во областите погодени од земјотресот, но не даде детали. Тој додаде дека ќе се гласа во училишта и контејнери.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски

Објавен бројот на загинати во земјотресите во Турција