Бројот на загинати при нападот врз џамијата во Кабул се зголеми на 21 лице.
Според авганистанската полиција, животот го изгуби најмалку 21 лице, а повредени се 33 луѓе.
Меѓу повредените има и неколку деца.
Очевидец тврди дека загинат е и свештеникот мула Амир Мохамед Кабули.
Како што појаснија жители на градскиот кварт Кер Кана, каде се наоѓа џамијата Сидикија, нападот го извршил бомбаш самоубиец.
Сè уште никој не презеде одговорност за нападот, што се случил за време на синоќешната молитва.
Извор: МИА