Бројот на убиства во Италија намален на рекордно ниско ниво

Од:

Бројот на убиства во Италија минатата година бележи намалување достигнувајќи рекордно ниско ниво во изминатите 40 години, јави ДПА.

Истовремено бројот на убиства во земјата е за цели 67,8 проценти понизок во споредба со 1990 година. Во 2012 година во Италија се извршени 526 убиства. Трендот на намалување се задржува и оваа година, така што во првите шест месеци од 2013 година во земјата се извршени вкупно 226 убиства.

Италија во целина е една од земјите во Европската унија со најмал број на убиства, 1 на 100.000 жители додека средниот просек во Европа е 1,9. Овој индекс е многу подобар за Европа, во споредба со САД, каде во 2010 година се извршени 4,8 убиства на 100.000 жители.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески