Бројот на палестинските жртви во Газа досега изнесува 1.867 лица

Од:

По 29-дневна израелска офанзива во Појасот Газа бројот на палестинските жртви изнесува 1.867, а повредени се 9.563 лица, соопштија палестинските здравствени власти.

Од вкупниот број загинати 40 проценти се деца, жени и мажи над 60-годишна возраст.

До моментот на стапување во сила на денеска објавеното тридневно промирје меѓу Израел и исламистичкото движење Хамас, Службата за координирање на хуманитарните прашања на ОН регистрирала 1,814 загинати Палестинци. Осумдесет и шест отсто од идентификуваните 1.527 жртви се цивили, од кои 408 се деца и 214 жени.

Според податоците на израелската армија, загинати се 64 војници, а цивилни жртви во Израел се двајца Израелци и едно лице од Тајланд. Ова се најголемите загуби за израелската војска по војната во 2006 година против либанската група Хезболах.

Армијата наведува дека од почетокот на офанзивата досега врз Израел биле истрелани 3.356 ракети пд страна на Хамас, Исламскиот џихад и други вооружени групи.

Деведесет проценти од 1,8-милионското население во Појасот Газа остнаа без електрична енергија, откако единствената електроцентрала беше нападната, а далеководите кои ја поврзуваат Газа со Израел беа уништени.

Околу 270.000 жители на Газа беа принудени да ги напуштат своите домови поради нападите на Израел, барајќи засолниште во училишните згради на ОН.

Израел и палестинското движење Хамас денеска го прифатија египетскиот предлог за тридневно примирје во Газа, за време на кое ќе преговараат за траен прекин на огнот.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно