Бројот на децата кои работат во глобални рамки е намален за една третина од 2000 година до сега, се наведува во извештај на Меѓународната организација на трудот (МЛО).
Од 246 милиони на почетокот на минатата деценија, бројот на вработени деца сега се намали на 168 милиони, а најголем пад е забележан меѓу 2008 и 2012 година, се истакнува во извештајот.
Речиси половината од вработените деца (85 милиони) се занимаваат со активности што се опасни за здравјето, безбедноста и нивниот морален развој, се забележува во долументот.
Најголем број на деца-работници, околу 78 милиони, има во Азиско-оацифичкиот регион, додека Потсахарска Африка со околу 59 милиони, е регионот со најголем процент на вработени деца – над 21 отсто.
На Блискиот Исток и Северна Африка има 9,2 милиони деца кои работат, а во Латинска Америка и Карибите 12 милиони.
Бројот на вработени девојчиња се намалил за 40 проценти, а на момчиња за 25 отсто.
Детскиот труд најмногу се искористува во земјоделството, услужниот сектор и индустријата.
Во октомври во бразилскиот главен град Бразилија ќе се оддржи светска конференција посветена на детскиот труд.