Бродови ќе трагаат по малезискиот Боинг 777

Од:

Иако поминаа речиси седум месеци од исчезнувањето на малезискиот Боинг 777, потрагата од денеска ќе влезе во нова фаза. Имено ќе бидат вклучени три специјализирани бродови, кои ќе истражуваат зафрлен дел во Индискиот океан.

Како што соопшти австралиското Биро за безбедност во сообраќај, во новата фаза на потрагата софистицирани соларни системи со помош на звучни бранови ќе го пребаруваат океанот 5.000 метри под површината.

Мистеријата со малезискиот авион кој со 239 патници, исчезна на 8-ми март на летот од Куала Лумпур кон Пекинг, се уште не е разјаснета.

Врз основа на одредени податоци, постојат сомнежи дека во јужниот дел на Индискиот океан се урнал еден авион, но се уште нема конкретен доказ дека се работи за Боингот 777.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов инцидент со авион на Боинг, опасно слетување во Истанбул

Почина уште еден „свиркач“ од „Боинг“ – беше отпуштен откако предупреди за безбедносни пропусти на „737 MAX“

Нов инцидент: На „Боинг 737“ му отпадна дел од крило за време на лет

Горан Наумовски

Авион ненадејно „падна“ на сред лет за Нов Зеланд, повредени се десет патници

Горан Наумовски

Свиркачот кој го тужеше „Боинг“ наводно се самоубил

Горан Наумовски

ВИДЕО: Авион на Боинг лета опожарен

А1он