ВИДЕО: Авион на Боинг лета опожарен

Од:

Граѓани го снимиле моментот кога авион Боинг 747 се запали во воздухот моменти по полетувањето од аеродромот во Мајами во четвртокот вечерта.

Станува збор за товарен авион „Атлас Ер Боинг 747-8“. Во соопштението на компанијата се вели дека леталото безбедно се вратило на аеродромот и дека нема повредени.

„Екипажот ги следеше сите стандардни процедури и безбедно се врати во Мајами“, се вели во соопштението на компанијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ONLY in DADE (@onlyindade)

 

Пожарникарите во Мајами реагираа, а повредени немаше, се вели во посебно соопштение од меѓународниот аеродром во Мајами.

Податоците на „FlightAver“ покажуваат дека авионот вреден повеќе од 400 милиони долари полетал од аеродромот во Мајами во 22:32 часот, а се вратил во 22:46 часот. Тој го продолжи планираното патување до Сан Хуан, Порторико, подоцна во вечерните часови.

Лицето кое на Инстаграм објави видео од запален авион, рече дека се јавила на округот Мајами-Дејд 911 набргу откако забележала дека катастрофата се одвива во воздухот. Официјалните лица и се заблагодарија што им се јави и ја уверија дека авионот се вратил во Мајами без пријавени повреди. Податоците на „FlyAver“ велат дека авионот летал од Порторико до Богота, Колумбија, без инциденти во раните утрински часови во петокот.

Овој авионски инцидент е најновата катастрофа што ја погоди компанијата Боинг, која се занимава со производство на авиони.

Претходно оваа недела, компанијата објави дека ќе ги засили инспекциите на квалитетот на своите авиони 737 Max 9 како одговор на дефект на панелот на вратата за итни случаи на летот на Алјаска ерлајнс. Репутацијата на „Боинг“ како најголем американски производител на авиони е нарушена поради низа производствени неуспеси што предизвикаа некои авиокомпании да го одложат купувањето авиони или да се свртат кон својот европски ривал „Ербас“.

Федералните регулатори го приземјија 737 Max додека не се извршат безбедносни проверки на вратите на секој од авионите во служба во САД.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина