Британското разузнавање: Русите зазедоа стратешки важен град

Од:

Руските сили веројатно го освоиле поголемиот дел од градот Лиман, според најновиот извештај на военото разузнавање објавен од британското Министерство за одбрана, додавајќи дека станува збор за „прелиминарна операција за следната фаза од офанзивата во Донбас“, регион во источна Украина.

Разузнавањето наведува дека Лиман бил важен железнички центар и пристапна точка до важни железнички и патни мостови над реката Сиверски Доњец.

„Во наредните денови, руските сили во областа веројатно ќе имаат приоритет на преминувањето на реката. Засега, големи руски операции се спроведуваат на 40 километри источно, околу градот Северодонецк, но пристапот до мостовите во близина на Лиман ќе и даде предност на Русија во потенцијалната следна фаза од офанзивата во Доњецк. Потоа ќе се обиде Русија да напредува кон украинските градови подлабоко во регионите Доњецк, Славјанск и Краматорск“, се вели во извештајот.

Во четвртокот, Денис Пушилин, лидер на самопрогласената проруска Народна Република Доњецк, рече дека референдум ќе се одржи доколку руските сили ги окупираат цел Доњецк и Луганск.

Би можело да ве интересира

Москва: Киев не може да се согласи со обврските за решавање на конфликтот во Украина

Горан Наумовски

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Трамп: Зеленски ќе има големи проблеми ако се повлече од договорот за ретки минерали

Горан Наумовски

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

Терехов: Харков е нападнат од руски беспилотни летала

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина