Британските пратеници бараат поголемо учество на Лондон во нападите врз ИД

Од:

Британските пратеници од парламентарната Комисија за одбрана побараа денеска поголемо учество на Велика Британија во нападите врз групата Исламска држава (ИД).

Комисјата утврди дека досгашното британско учество во воздушните напади врз позициите на џихадистите изнесува само шест отсто.

– Станува збор за исклучително мал процент, што е длабоко загрижувачко сознание, се вели во соопштението на Комисијата.

Во соопштението пратениците, сепак, не заговараат испраќање на британски војници на теренот за борба со џихадистите од ИД.

Предлогот за зголемување на досегашното британско учество во меѓународната коалиција, предвидена од САД, доаѓа по оценките на Комисијате дека „ноќната мора“ за дејствувањето на ИД во делови од териториите на Сирија и Ирак се прикажува во „крајно екстремна форма“ со брутални и вараварски методи при ликвидациите на нивните заробеници.

Оваа британска парламентарна Комисија констатира дека ИД е најголемата закана за меѓународната безбедност што доаѓа од Блискиот Исток во последните неколку децении, па затоа и бара поголема вклученост на Велика Британија во борбата за уништување на оваа милитантна група.

Пратениците во Комисијата ја критикуваат Владата, но и воениот врв на земјата за „неуспехот да се изготви една јасна воена стратегија“.

Воените авиони на британското Кралско воздухопловство (РАФ) од септември минатата година учествуваат во бомбардирањта на позициите на ИД само во Ирак, затоа што Владата не побара парламентарна подршка за бомбрадирање на џихадистите и на сириската територија.

На теренот, Велика Британија има испратено само тројца воени експерти, додека Австралија има 400 свои војници-советници, Шпанија 300, а Италија 280.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он