Британскиот Парламент ќе решава за вклучување во нападите врз ИД во Сирија

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон синоќа соопшти дека на 2 декември, Парламентот ќе гласа за проширување на мандатот на Кралското воено воздухопловство (РАФ) за воздушни напади врз џихадистите од Исламска држава (ИД) и на територијата на Сирија, а не само на Ирак.

Пред гласањето, ќе се одржи парламентарна дебата околу ваквото барање на Владата, што Камерон формално му го поднесе на Парламентот минатата среда.

Решението за (ново) гласање за Сирија, доаѓа по одлуката на лидерот на опозициските лабуристи, Џереми Корбин да им дозволи на пратениците од оваа партија да гласаат „слободно„ според нивното лично уверување, а не според неговата позиција.

Корбин изјави дека е против идејата британски авиони да учествуваат во анти-ИД коалицијата во Сирија, но половина од членовите на неговииот Кабинетот во сенка, како и безмалку половина од пратениците соопштија дека не се согласуваат со својот лидер.

Тие сметаат дека во овој случај партијата треба да застане зад Владата, затоа што станува збор за прашање од национален интерес.

Корбин настојуваше да не се поддржи Владата,за ова прашање, за да може да извојува победа над Камерон. Конзервативците имаат мнозинство од само 12 пратеници во Долниот дом, но им беа потребни гласовите и на опозициските лабуристи, затоа што дваесетина ториевци најавија дека ќе гласаат против владиниот предлог.

Корбин го смени мислењето кога половината од Кабинетот во сенка се закани со оставка, но прифаќајки го барањето за „слободно гласање“ тој побарал од пратениците да се согласат дека нема да дадат поддршка за интервенција во Сирија, налик на онаа во Либија.

Во 2013 година, мнозинството од пратениците не го прифатија барањето за напади на сириската територија, што требаше да отвори пат за соборување на Башар ал Асад, но во 2014 година членовите на Долниот дом дадоа „зелено светло“ за воздушните акции врз џихадистите на територијата на Ирак.

Корбин синоќа го предупреди Камерон дека треба да престане да заговара нова војна (на Блискиот Исток), но премиерот го поздрави решението на лабуристите, кое сега и обезбедува на Владата сигурно мнозинство при гласањето.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он