Британскиот Парламент дебатира за преговорите со ЕУ за Брегзит

Од:

Британскиот Парламент денеска започна расправа за досегашниот тек на преговорите со ЕУ за Брегзит, за состојбата по третата рунда која заврши минатиот четврток, како и за законските аспекти на излегувањето на Лондон од Унијата.

Дебатата се одвива во моментите кога се зборува за криза во преговорите, која се манифестира со меѓусебните обвинувања од двете страни, за она што досега се случуваше на преговарачките сесии.

Британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис, кој е шеф на британската делегација на преговорите, во неделата остро ја нападна позицијата на ЕУ, нарекувајќи го „глупост“ инсистирањето на Брисел, прво да се средат сметките околу „разводот“ на Лондон со ЕУ, а потоа да се отвори дијалог за идните односи и за склучување договор за слободна трговија.

Дејвис притоа порача дека Британија при излезот нема намера да и плати на ЕУ колку што ќе побара Брисел.

Антиевропски позиционираните медиуми, блиски до британските конзервативци го нападнаа шефот на преговарачката екипа на ЕУ Мишел Барние, кој е поранешен еврокомесар, дека и се „заканувал“ на Британија.

Медиумите тврдат дека Дејвис и порачал на Владата во Лондон дека е „подготвен да ја подучува“ за тоа како се водат преговори.

Нервозната атмосфера во односите, вчера се обиде да ја смири британскиот премиер Тереза Меј која во соопштение на Даунинг стрит 10 порача дека сака да се интензивира целиот преговарачки процес.

Меј порачала дека сака да се замени сегашниот ритам од една рунда четиридневни преговори во текот на еден месец, со поинтензивни средби и со поширок обем на разговорите. Интензивирање на преговорите бара и Барние како преговарач на ЕУ.

Сегашната парламентарна расправа, прва по летната пауза, главно е посветена на разгледување на предлог-законот за Брегзит и за враќање на надлежностите на британскиот Парламент кои што биле загубени со влезот на Велика Британија во ЕУ.

Владата во Лондон од пред десет денови се соочува и со променет став на опозициските лабуристи кои сега бараат Британија да остане на единствениот заеднички пазар по март 2019 година, се додека трае процесот на транзиција.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он