Британски научници: Владиното масовно тестирање ќе биде неефикасно и скапо

Од:

Плановите на британскиот премиер Борис Џонсон за масовно тестирање на Ковид-19, што може да доведе до повторно отворање на големи делови од економијата, попознати како „Операција за лансирање на Месечината“, веројатно ќе бидат неефикасни и скапи, соопштија денеска британските научници.

Според нив, плановите на Владата укажуваат на промена во стратегијата за „испитување и следење“, што е придружено со тешкотии при нејзиното спроведување, но дека скринингот на населението ќе донесе нови проблеми.

– Нема докази за скрининг. Доказите поврзани со тестовите во моментов се лоши и слаби и треба да се подобрат, изјави професорката Алисон Полок, клинички професор по јавно здравје на Универзитетот во Њукасл.

Полок, заедно со колегите од универзитетите во Бирмингем, Варвик и Бристол, предупреди дека неефикасните стратегии за тестирање и неточните тестови можат да ја загрозат довербата во тестирањето воопшто.

Тие истакнаа дека приоритет треба да биде подобрување на системот за тестирање и следење.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он