Британски генерал: Западот мора да се подготви за војна

Од:

По вчерашната изјава на британската министерка за надворешни работи Лиз Трас која нагласи дека руските сили треба да бидат протерани од цела Украина, поранешниот заменик-командантот на НАТО за Европа, генералот Ричард Ширеф, денеска истакна дека тоа е „апсолутно правилен пристап“.

– Таквиот пристап треба да биде проследен со значајни ресурси и тоа да се направи преку целиот сојуз, како целина, изјави Ширеф за „Радио 4“ на сервисот на Би-Би-Си.

Поранешниот воен командант предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да реагира агресивно, но смета дека ескалацијата е потребна за да се демонстрира сериозноста на Западот.

– Најлошото што може да се случи е војна со Русија, но подготовките за најлошото сценарио веројатно би можеле да го одвратат Путин, бидејќи на крајот на краиштата тој почитува само сила, изјави Ширеф.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков