Британски авиони над Балтикот пресретнаа руски воени авиони

Од:

Британските авиони „Јурофајтер тајфуни“ денеска пресретнаа два „Сухој – 27“ и „Иљушин – 22“ над Балтикот и ги следеле кон Русија, соопшти британското Министерство за одбрана.

„Тајфуните“ пресретнаа иста формација авиони и во вторникот, кога руски авиони летале долж балтичкиот брег кон Калинград.

Велика Британија минатиот месец од Германија ја презеде НАТО мисијата за чување на воздушниот простор.

– Посветени сме на одбрана на НАТО границите и ќе ги поддржиме нашите сојузници во одбивање на сите закани, изјави министерот за оружани сили на Британија Марк Ланкестер.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски