Британски авиони извршија шест напади врз цели на ИД во Сирија

Од:

Британското Воено воздухопловство изврши напади врз шест цели во источна Сирија, кои се поврзани со нафтената индустрија на групацијата Исламска држава, јави Би-Би-Си.

Нападите биле насочени кон цели во нафтено поле, кое е под контрола на ИД. Целите биле избрани од мобилниот штаб на седиштето на Централната команда на САД во Катар.

Тие се одредени врз основа на разузнавачки податоци, добиени од беспилотни и разузнавачки авиони и од агенти на службите.

Нападите биле извршени со бомби со ласерско насочување „Пејвеј 4“.

Четири британски бомбадери „Торнадо“ полетале од базата на британското Кралско воено воздухопловство „Акротири“ на Кипар и учествувале во нападите врз цели во Сирија.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он