Британската Влада со најава за замрзнување, па укинување на претплатата за Би-Би-Си

Од:

Владата на конзервативниот премиер Борис Џонсон денеска објави дека ќе го замрзне финансирањето на медиумската корпорација Би-Би-Си на две години и ќе почне дебата за тоа дали претплатата за британскиот јавен сервис треба да продолжи.

Министерката за култура на Џонсон, Надин Дорис, изјави денеска во парламентот дека Би-Би-Си, треба да стане поедноставна, поштедлива организација во време кога британската јавност се соочува со зголемени трошоци за енергија и даноци. Дорис рече дека владата има намера да ја замрзне претплатата на Би-Би-Си во износ од 159 фунти (217 американски долари) по домаќинство до 2024 година, така што по тој рок, претплатата може да се прилагоди на стапката на инфлација во следните четири години.

Таа најави дека годинава за Би-Би-Си ќе бидат издвоени околу 3,7 милијарди фунти, но експертите и аналитичарите најавуваат дека буџетот кој не е во согласност со стапката на инфлација, ќе ја принуди оваа медиумска корпорација да го намали опсегот на своите услуги.

Британскиот премиер најави дека има намера да ја укине телевизиската претплата, што предизвика лавина критики од опозицијата – Лабуристичката партија верува дека со тој план, Џонсон сака да го оттргне вниманието од неговата „парти-гејт“ и забави што ги организирал во седиштето на валдата за време на „локдаун“.

Во 2019 година Борис Џонсон најави реформа на системот за претплата на ТВ.

Во моментов, Би-Би-Си добива 3,2 милијарди фунти годишно преку претплати, што го сочинува најголемиот дел од буџетот на јавниот сервис.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца