Британската Влада донесе нови мерки против нелегалната имиграција

Од:

Британската Влада вчера предложи нови мерки за контрола на приливот на незаконски мигранти на влезот на тунелот под Ла Манш и нивните обиди да преминат во Велика Ббританија, соопштија француските медиуми.

– Сметаме дека сме на пат да ја преземеме контролата врз ситуацијата. Минатата недела го регистриравме пикот на доаѓања, но од тогаш бројот на мигранти се намалува, изјави британскиот шеф на дипломатијата Филип Хамонд по заседанието на владиниот кризен комитет „Кобра“.

„Во соработка со француските власти и управата на „Евротунел“ преземавме определени мерки кои веќе даваат резултат и чиј ефект двојно ќе се зголеми во следните еден до два дена, увери министерот.

Англиските граничари од вчера дејствуваат во командната сала на тунелот под Ла Манш. Дополнително обезбедување од околу сто лица се очекува да биде разместено на терминалот во Кале.

Решена да покаже цврстина за решавање на проблемот, британската Влада, исто така, предложи сопствениците, кои на нелегалните имигранти им издаваат станови под наем, да може да бидат осудани на затворски казни.

– Мерката е вклучена во новиот предлог закон за имиграција, што Владата ќе му го достави на Парламентот во текот на есента, изјави вчера Грег Кларк, државен секретар во Министерството за заедници и локални власти.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто