Британската армија може да даде 100.000 вакцини на ден

Од:

Британските вооружени сили можат да обезбедат 100.000 дози вакцина против Ковид-19 на ден доколку е потребно, помагајќи да се имунизираат милиони ранливи луѓе пред пролетта, изјави денеска министерот за одбрана Бен Волас.

Волас рече дека веќе овластил 130 воени планери и персонал да работат со здравствената служба за зголемување на вакцинацијата, а повеќе персонал може да се користи за примена на вакцината.

– Исто така, имам планови за до 250 тимови мобилен медицински обучен персонал кој може да излезе и да ја даде вакцината на национално ниво – тоа ќе биде над 100.000 на ден што потенцијално би можеле да го испорачаат доколку тоа го побара НХС (Национална здравствена служба), изјави Волас за Радио Тајмс.

Велика Британија во средата одобри вакцина изработена од Универзитетот во Оксфорд и АстраЗенека, која ќе започне да се користи во понеделник, покрај вакцината на Фајзер/БиоНТек, која веќе се користи.

Би можело да ве интересира

Два милиона Британци страдаат од долгорочен Ковид

Објавен извештајот за „партигејт“

Британија подготвува есенска кампања за зајакнување на имунитетот против Ковид-19

Борис Џонсон меѓу казнетите за забавите на Даунинг стрит за време на локдаунот

Џонсон ќе одговара на полициски прашања за забавите на Даунинг стрит за време на локдаунот

Катерина Ѓуровски

Две третини од заразените со омикрон во Британија веќе прележале коронавирус

Катерина Ѓуровски